Пекарски Производи
Постојаното воведување на нови производи, со задржување на стандардниот квалитет кон крајниот потрошувач е комплексен процес. Широката палета на современи производи во форма на прашок и крем и овозможуваат на пекарската индустрија не само сигурно производство, туку и можност за производство на пекарски производи со висок и делотворен квалитет, со користење на најнови техники и технологии. Истото тоа важи и за малите пекарници.
Врз основа на резултатите од вакво меѓународно искуство, на пазарот се воведени различни и интересни интернационални типови леб и печива што посредно доведува до промени, но и до стекнување навики за консумирање здрави и интересни производи.
Хрватската фирма Ирекс Арома постои од 1993 година како компанија ќерка на компанијата Ирекс од Кулмбах, Германија, една од водечките компании производители на подобрувачи и наменски смеси за леб, печиво и слатки. Исто така, Ирекс Арома е генерален застапник и дистрибутер на германската компанија RAPS (зачини и додатоци во месната индустрија) за подрачјето на државите од поранешна Југославија.
Сите производи од Ирекс Арома се развиваат и произведуваат со максимално внимание за зачувување на околината и воглавно се темелат на природни суровини со највисок квалитет. Со секој производ, Ирекс Арома нуди и соодветна техничка поддршка и поддршка при примената, а гаранција за квалитетот на производите е и поседувањето на сертификатот за стандард ISO 9001:2000, како и HACCP концептот (“Hazard Analysis and Critical Control Points”, или во превод: Анализа на ризик и контрола на критичните точки).
Со својата целокупна активност, Ирекс Арома на големо им помага на пекарите и слаткарите во понудата на поквалитетни производи на своите потрошувачи. Сé поголемиот тренд на отворање на пазарот води до пазар без граници, што значи дека поединечни специјалитети, како на пр. францускиот “baguette” или италијанската “ciabatta”, односно “Vollkornbrot” од Германија, ќе можат да се набават во целиот свет. ИРЕКС АРОМА е веќе со години на тој пат и го следи тој тренд.
Во програмата за пекарство на Ирекс Арома застапени се следните производи:
Подобрувачи
Концентрати
Готови смеси
Додатоците – подобрувачи во форма на прашок или како емулзии се користат за подобра технолошка обработка и подобрување на печивоста на сите видови леб, печиво и други пекарски производи, во смисла на подобрување на квалитет на готовите производи, зголемување на волуменот и задржување на свежината.
Концентратите (смесите) се употребуваат за едноставно и брзо подготвување на разновидни пекарски производи со висока нутритивна вредност, квалитетни органолептички својства и продолжување на свежината и трајноста.
Готовите смеси се многу квалитетни и практични производи, кои значително го олеснуваат и скратуваат процесот на работа во производството, од причина што сите потребни важни состојки веќе се наоѓаат во наменската смеса. Готовите смеси се користат за едноставно и брзо подготвување на разновидни пекарски производи со висока нутритивна вредност, квалитетни органолептички својства, продолжена свежина и трајност. За изработка на готови производи, на готовите смеси обично им се додава средство за варење и вода.
Конзерванси
Додатоци
Конзервансите се користат за спречување на расипување (кончавост, мувла) на пекарските производи.
Додатокот за тестенини се употребува за подобро поврзување на тестото и за намалување на кршливоста на тестенините.
Демо Центар презентации на Хоризонт
Освен своите услуги за дистрибуција на храна, Хоризонт обезбедува демо презентации на нови пекарски производи и тестенини во сите региони во Република Македонија. Оваа потреба за демо презентации на нови адитиви, миксови и производи првпат беше забележана кога компаниите во републиката ја искажаа потребата некој да ги претстави сите нови компании и
производи кои се достапни на пазарот. Хоризонт е горд што е дел од оваа традиција многу години, а од следната година компанијата гради сопствен ДЕМО ЦЕНТАР за презентација на нови производи придружени со искусни експерти и нова технологија.