Слаткарство – Ирекс Арома
Со широката палета на производи, Хоризонт успеа да промени некои навики и на производителите и на потрошувачите на слатки. Новите производи кои се појавуваат на пазарот, со сигурност се резултат на напорната работа и труд за воведување нови идеи. Со нудење на постојана соработка, Хоризонт одигра важна улога во ширењето на палетата на производи на пазарот, во кои се вбројува и функционалната храна, т.е. производи кои што покрај нутритивните својства, имаат и позитивно дејство на телесните функции на корисникот.
Готови мешавини и подобрувачи
Готови смеси за изработка на филови
Глазури и готови чоколадни кремови
Готовите смеси за кремови и стабилизатори се употребуваат за изработка на различни видови кремови со ладна постапка, со додаток на вода или млеко, готови течни смеси за изработка на шлаг кремови со матење, стабилизатори за згуснување и стабилизирање на кремовите, филовите, овошните сокови и сл.
Филовите се изработуваат со додавање на вода, додека готовите смеси се веднаш спремни за употреба.
Глазурите и готовите чоколадни кремови за глазирање е потребно да се стопат во зовриена вода до конзистенција на преливот, или ако се готови за полнење/филување и површинско украсување на слатките, тогаш се веднаш спремни за употреба.
Готови смеси за бисквитни маси
Готови смеси за подигнување тестo
База и адитиви за сладолед
Готовите смеси за бисквитни маси се користат за изработка на бисквитни колачи со додаток на вода, јајца и маснотија.
Готовите смеси за подигнување на тестото се користат за изработка на слатки, подигнати теста со додаток на средства за варење, вода и маснотија.
Сладоледните бази на Ирекс Арома, пастите за млечни и овошни сладоледи, готовите мешавини и адитиви ви помагаат да го направите најдобриот сладолед!